| четврток, 6 декември 2018 |

Прилепчани ја одбележаа Задушница со адетите на своите предци

Почитувањето, негувањето, применувањето, како и предавањето на идните генерации на сите оние адети и обичаи кои со векови не отсликуваат како посебен етнитет, за традиционалните прилепчани, никогаш не било проблем. Доследни на својата вера, на Црквата, но и на нивните “закони”, прилепчани, во пресрет на еден од 12-те најголеми православни празници, Духовден, денеска ја празнуваат Задушница, исто онака како што практикувале и нивните претци.

Повозрасните прилепчани тврдат дека секој народ може да ја зачува својата посебност само преку чувањето и почитувањето на традиционалните вредности, на јазикот, на културата, но, и на оние кои што живееле многу пред нас и ни оставиле многу. Велат,  дека токму затоа, и токму за нив, Црквата ги востановила и овие празници, за да покажеме љубов, почит и грижа за сите оние кои физички повеќе не се со нас, но духовно и возљубено секогаш при нас и во нас. Во таа насока, денеска и утре во сите црковни храмови во Прилеп се опеваат покојните, за спас на нивните души.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top