| четврток, 6 декември 2018 |

Фатени на дело-поради оваа актерка, Бред Пит повторно се смее!

Иако Џина Родригез ни малку не потсетува на Анџелина Џоли, сепак успеа да ја врати насмевката на лицето на Бред Пит, кого во последно време го гледавме загрижен и тажен.

Актерот е фотографиран со колешката, а на фотографијата се смеат и држат за раце. Многумина се пошегуваа и напишаа дека изгледаат како да се фатени на дело.

Бред се уште изгледа слабо и испиено, но се смее. Џина инаку е позната по улогата во серијата „Девицата Џејн“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top