Градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски, преку својот официјален Фб профил, ги објавува реализираните проекти за време на својот втор мандат.
Во отчетноста за сработеноста, која што функционерите на ВМРО-ДПМНЕ ја наметнаа како своја должност пред граѓаните, како што пишува Коневски на фејсбук, до сега се објавени само дел од над 200-те реализирани проекти за време на вториот негов градоначалнички мандат вопериодот од 2013 до 2017 година.
Меѓу нив се и реконструкција на „Методија Шаторов- Шарло“ (поранешна „Руди Чајевец“), каде се поставени нови фекална и атмосферска канализација, водоводна мрежа, како и асфалтирање , тротоари и осветлување.
Нова улица во Мичурин „Атанас Митрев 3“, која ги поврзува улиците „Венјамин Мачуковски“ и „Петар Ацев“, со цела нова комунална инфраструктура.
Реконструирани три мостови во општината, на улицата „Ѓорѓи Капчев“, како и два на улицата „Божин Николов“;
Како и најголемиот парк во Општина Аеродром, покрај кејот на Вардар. Вкупната површина еизнесува 100 илјади квадратни метри парковско зеленило со 600 садници, трим патеки, чешми за вода, клупи, канти за отпад, повеќенаменско спортско игралиште, како иосветлување со над 150 канделабри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)