| четврток, 6 декември 2018 |

МВР потврди: Шеесетгодишниот Љупчо Стојановски испукал два куршума кон Тодоров

Министерството за внатрешни работи потврди дека денеска на пладне пред Министерството за здравство лицето Љупчо Стојановски (1957) од село Долно Каласлари, Велешко испукал два куршуми од пиштол кон поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, кој не е повреден по нападот.

Од МВР претходно информираа дека во полицијата е пријавено дека во 12:05 часот физички бил нападнат поранешениот министер на улица „50. дивизија“ пред Министерството за здравство.

Од страна на полициски службеници Стојановски е приведен на местото на настанот, каде што e пронајдена една чаура.

Истрагата е во тек и се работи на целосно расчистување на случајот.

Во Министерството за здравство денеска во 12:30 часот беше најавено примопредавање на функцијата министер за здравство помеѓу Никола Тодоров и Арбен Таравари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top