Вчера македонската јавност беше сведок на едно ескпозе кое личеше на специјалистички труд, на анестезиолог кој чита плагијат, напишан некаде далеку од Република Македонија, анестезиологот опкружен со хирурзи кои немаат жал за пациентот Република Македонија, најпрво му ги замајуваат клетките, односно граѓаните на Република Македонија, со најмилозвучни ветувања, нереални и апсурдни, кажа Димитар Стевананџијам пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи го експозето на Зоран Заев.
– Почитувана македонска јавност, почитувани граѓани на Република Македонија, вие 450 и кусур илјади кои што ја поддржавте програмата на ВМРО-ДПМНЕ, реалните проекти, визијата за животот во иднина, но и 20 илјади помалку, излажани, добро испазарени, за да им овозможите на нашите колеги од десната страна неуставно, незаконски, неделовнички да ги запоседнат овие фотелји. Верувајте сите карти се веќе отворени, сценариото за Република Македонија полека се реализира. Вчера македонската јавност беше сведок на едно ескпозе кое личеше на специјалистички труд, на анестезиолог кој чита плагијат, напишан некаде далеку од Република Македонија, анестезиологот опкружен со хирурзи кои немаат жал за пациентот Република Македонија, најпрво му ги замајуваат клетките, односно граѓаните на Република Македонија, со најмилозвучни ветувања, нереални и апсурдни. За потоа да можат да го одвлечат вниманието од фактурите што треба да ги платат, така успеаа овие 3-4 години да прелажат 400 илјади граѓани на Република Македонија, изјави Стевананџија.
Тој го објаснува ова експозе како бајка поради кое веќе во Македонија почнале да се враќаат иселените, да доаѓаат Швеѓани, Норвежани, Французи, Холанѓани, Италијанци.
– Но, за жал има некои што поверуваа повторно на шарените лаги на Зоран Заев и само благодарение на ова и на вчерашното експозе, пред 15 минути имаме нова главна вест во светските медиуми, Македонија повторно е топ тема, тотално е блокиран аеродромот Александар Велики, буџетот почнува да се преполнува овие два дена само од аеродромски такси. Министерството за транспорт и врски и мојот сограѓанин Сугаревски, како предлог може слободно да ужива, следната недела 400 илјади иселеници се враќаат во Република Македонија. Но, сега се соочуваме со огромен проблем по читањето на експозето или расказот наречен лагите од моето експозе на Зоран Заев, голем број Швеѓани, Норвежани, Французи, Холанѓани, Италијанци тргнале за Македонија со коли, но и со земјоделска механизација, тие сите се на пат. Плус и некои од нивните амбасадори им кажале дека во Македонија почнува новиот живот и ептен убаво ќе се живее, лугето поверувале, сметајќи дека секогаш во политиката сме искрени, коректни и реални. И тие сакале да живеат преубаво и затоа тргнале кон Македонија, бидејќи со минимална плата од 30 илјади денари, добиле и дополнителна мотивација, укинување на радиодифузната такса, средства кои што ако ги штедат можеби ќе купат ново Волво во Шведска за три години. Но, имаме и друг проблем, со нив ги земале и своите деца, младите Македончиња кои што социјал демократскиот сојуз ги дистанцира од политичката сцена занемарувајќи ја дијаспората, тие посакале да дојдат заедно со своите родители, бидејќи разбрале дека во Македонија се укинува екстерното тестирање, единствена земја во ЕУ и сфатиле и научиле дека Република Македонија полека станува земја во која што знаењето не се цени, единствени за жал, но тоа го прави голиот политички популизам, изјави Стевананџија.
Тој напомена дека во експозето на СДСМ не се споменати работноспособните, а тоа значи дека нема ни ветување за нови работни места, за нови странски инвестиции. Тој кажа дека во експозето нема ништо конкретно ниту за пензионерите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Стевананџија: Во Собрание поканете ги студентите, МАНУ или земјоделците, наместо луѓето донесени за навивање
-
Стевананџија до Николовски: Човек кој го поддржа пучот денес ги навредува бранителите (видео)
-
Така е ветено во нивната програма: Студенти и средношколци, кога ќе завршите факултет, барајте го Стефан Богоев да ве вработи
-
Првата лага на СДС исполнета: Ветија најмногу 20 министерски места, добивме 25