Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија денес, во говорот што го одржа пред пратениците за предложената програма за работа на новата Влада на Зоран Заев, покрај тоа што искажа незадоволсто и недоверба од понудената владина програма се обрати до сите студенти кои што завршуваат со студиите и треба да се вработат.
-Ќе воведеме проект гаранција за младите преку кои што државата за младите ќе овозможи во рок од 4 месеци по завршувањето на школувањето, понуда за вработување, продолжување на образованието или пракса како подготовка за вработувањето. Очекувам на 1 октомври, сите средношколци и студенти да му се јават на Стефан Богоев и да му побараат вработување. Тоа значи дека после 1 октомври нема да има невработен средношколец и студент што ќе завршат со школувањето. Држете го за зборот Стеган Богоев кој што сака да се претставува како голем борец за правата на младите, рече Стевананџија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Студентите три дена кампуваат пред „Стив Наумов“ и Кузман: Списоци има, домовите неспремни за вселување (галерија)
-
Одбележани 67 години од убиството на петтемина струмички студенти
-
Тур-оператор од Италија ја прекинал соработката со групи од Македонија бидејќи средношколци вршеле нужда во собите
-
Актерот Горазд Цветковски: Карпош и Богоев, кој треба да ја корегира забуната, вие или полицијата?