Зоран Заев и СДСМ по кој знае кој пат си го погазија зборот, како да заборавија во минатото што зборуваа за нивниот коалиционен партнер во Владата, ДУИ. Во предизборната кампања СДСМ го обвинуваше ДУИ дека бил дел од криминалите за кои го обвинуваа и ВМРО-ДПМНЕ, за сега заедно со нив да формира влада.
На 26 февруари Емилијан Станковиќ на прес конференција го обвинуваше Бујар Османи, кој ќе биде вицепремиер за евроинтеграции во новата влада, дека купувал медицински апарати за повисока цена.
– Ова е увоз на царинска декларација и фактура за комплет ренгенски и компјутерски томограф, со опреми и прибор ВЦТ ХТ-64 слајс од марката Генерал електрикс, кој во Македонија е увезен пред три месеци по цена од 533.334 евра. Само за споредба Груевски, Османи и ВМРО-ДПМНЕ го набавуваат со народни пари ЦТ-64 сити скен компјутерот, по цена од 900 илјади евра или за 370 илјади евра поскапо. Сега очекуваме од Груевски и од како што самиот се нарекува од инвестициски аспект во наводници најзначајниот министер за здравство да и ги објасни на јавноста овие факти, кажа тогаш Емилијан Станковиќ на прес на СДСМ.
На 3 март 2010 години Менде Диневски на прес конференција го обвинуваше Османи дека го одвел здравството во целосен колапс.
– Господине Груевски и Османи што се уште треба да се случи за да сфатите и колку уште човечки животи треба да се изгубат, за да сфатите дека вашата политика во здравството доживеа целосен колапс. Здравството не може да се подобри со вашиот популизам, лажните ветувања, владините кампањи и партиските војници. Здравството не може да се подобри со коруптивните афери и разлики во набавна цена за четири години најавуваната медицинска опрема од неверојатни 28 милиони евра. Недозволиво е личните и партиските бизнис интереси да се поважни од здравјето на граѓаните, изјави тогаш Менде Диневски на прес конференција на СДСМ.
На 16 април 2010 година Андреј Петров на прес конференција го обвинуваше новиот вицепремиер за евроинтеграции дека го наполнил здравството со партиски војници.
– Министре Османи еднаш во вашата министерска кариера кажете нешто конкретно, нешто штоп нема да биде ветување на брда и планини или препишување на вашите неуспеси на нечие туѓо конто. Велите дека банкротот на Фондот за здравство ќе го решавате на сметка на граѓаните со ограничување на нивното право на избор на здравствена институција во која ќе се лекуваат. Од друга страна се полни јавното здравство со партиски војници, на кои не им е јасно што треба да работат, ама го празнат без потреба здравствениот буџет, за нив имате пари. А клиниката за трансфузиологија нема пари за фактори за коагулација на крвта, со што многу чувствителна популација ја доведувате во животна опасност, изјави тогаш Андреј Петров на прес конференција на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)