| четврток, 6 декември 2018 |

Работнички, Шкендија и Пелистер во Лига Европа почнуваат на 29 јуни

evropa-liga

Македонските претставници во фудбалската Лига Европа, екипите на Работнички, Шкендија и Пелистер ќе ги играат своите први квалификациски натпревари пред крајот на јуни.

Според календарот, првото квалификациско коло во Лига Европа ќе почне на 29 јуни, а реваншите средбите се закажани за 6 јули. Втората рунда на програмата е 13 и 20 јули, додека третото коло ќе се игра на 27 јули и 4 август.

Плеј-офот, пак, е закажан за 17 и 24 август. Ждрепката за квалификациите за ЛЕ за првото и второто коло ќе се одржи 19 јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top