| четврток, 6 декември 2018 |

Затворен аеродромот во Мелбурн: Патник се заканувал дека ќе се разнесе и сакал да го киднапира авионот

amama

Патнички авион на компанијата Малезија ерлајнс принудно се вратил во Мелбурн откако еден патник се обидел да влезе во пилотската кабина, соопштија претставници на компанијата.

Авионот МХ128 кој летал за Куала Лумпур морал да се врати поради патникот кој попречувал, соопшти компанијата.

Светските медиуми јавија дека патникот се заканувал дека ќе се разнесе, по што се обидел на сила да влезе во кокпитот. Сепак, група храбри патници успеале да помогнат и да го смират, а пилотот го завртел авионот и безбедно слетал во Мелбурн, но побарал безбедносна помош.

По слетувањето, аеродромот бил затворен неколку часа, а повеќе детали околку напаѓачот и неговите мотиви се очекуваат наскоро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top