Патнички авион на компанијата Малезија ерлајнс принудно се вратил во Мелбурн откако еден патник се обидел да влезе во пилотската кабина, соопштија претставници на компанијата.
Авионот МХ128 кој летал за Куала Лумпур морал да се врати поради патникот кој попречувал, соопшти компанијата.
Светските медиуми јавија дека патникот се заканувал дека ќе се разнесе, по што се обидел на сила да влезе во кокпитот. Сепак, група храбри патници успеале да помогнат и да го смират, а пилотот го завртел авионот и безбедно слетал во Мелбурн, но побарал безбедносна помош.
По слетувањето, аеродромот бил затворен неколку часа, а повеќе детали околку напаѓачот и неговите мотиви се очекуваат наскоро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.