Пари сен Жермен сериозно ќе се засилува за следната сезона откако ангажманот на Пјер Емерик Обамејанг од Борусија Дортмунд. Извонредниот голгетер на „милионерите“ во изминатиот период беше поврзуван со бројни гиганти ширум Европа, но ПСЖ успеа да излезе како победник од трката по голгетерот од Габон, плаќајќи ја сумата од 70 милиони евра што тимот од Дортмунд ја бараше за својот најдобар стрелец.
Француските медиуми јавуваат дека по договорената отштета, ПСЖ добил зелено светло за да ги договори личните услови со самиот фудбалер. Тоа не би требало да биде никаков проблем со оглед на фактот дека „светците“ ќе му понудат на Обамејанг плата од огромни 14 милиони евра по сезона.
ПСЖ претходно беше поврзуван и со Алексис Санчез, но откако чилеанскиот интернационалец децидно ја одби нивната понуда погледите беа насочени кон Обамејанг. Африканскиот голгетер ќе биде дополнително засилување за навалната линија, каде за партнер ќе го има извонредниот Единсон Кавани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Масовна тепачка меѓу навивачите на „ПСЖ“ и „Ѕвезда“, полицијата ги смирувала со палки (Видео)
-
Срамен потег на Дани Алвес во дуел со Роналдо, шпанските медиуми шокирани (Видео)
-
ПСЖ ја потврди повредата на Нејмар, веројатно го пропушта реваншот со Реал Мадрид
-
„Жолтиот ѕид“ никогаш не изгледал потажно: Германците уште еднаш порачаа, понеделник не е ден за фудбал (фото)