Зинедин Зидан ова попладне го имаше своето соочување со новинарите во пресрет на големото финале во Лигата на шампионите кое е закажано за оваа сабота во Кардиф, па како што можеше да се претпостави, најпоставувано прашање на Французинот беше она за неговата најголема дилема.
Не е никаков сомнеж дека главната недоумица на Зидан е тоа дали да започне со Иско или со Бејл во стартната постава на големото финале против Јувентус, а бидејќи новинарите се обидоа од прва рака да дознаат за што ќе се одлучи во сабота, Зизу реши да даде навистина неочекуван одговор.
Зидан на пресот потенцирал дека може да ги изненади сите, и дека можна опција е Иско и Бејл да се најдат заедно во стартата постава во Кардиф.
– Сите зборуваат за Бејл и Иско, но тие може да играат заедно, може сите да ве изненадам. Тоа го направија веќе 16 пати оваа сезона. Двајцата доаѓаат максимално добро во финалето, без разлика што Герет немаше минути извесно време. За Иско знаеме каков играч е и какво влијание имаше на крајот на сезоната. Ќе биде тешка одлука да играат заедно, но исто како и сите други кои се во игра – истакнал Зидан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.