| четврток, 6 декември 2018 |

Еден квадрат преку 11.000 евра – недвижнините во Париз бележат рекорд

pariz

Недвижнините во Париз достигнуваат рекордни цени. Меѓу купувачите наазастапени се Италијанците и Британци кои по Брегзитот бараат недвижнини во ЕУ.

Италијанците се најголема група на странски купувачи на станови во Париз, со удел од 17 отсто во вкупниот број продадени недвижнини, додека Британците се на второ место со удел од двете отсто.

Според одделни статистики, во првиот квартал од годинава цените на изградените станови во Париз пораснале за 5,5 отсто на 8.450 евра за квадратен метар.

Се очекува вториот квартал да биде подобар во однос на висината на цената на недвижнините во француската престолнина. Се предбидува тогаш да биде забележан и дополнителен скок на цените на 8.800 евра за квадратен метар.

Во градските квартови или арондисманите цените на становите надминуваат и преку 11.000 евра за квадрат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top