Во присуство на пријателите, обожавателите, многу колеги од македонската музичка сцена и поддршката на целиот тим на „Горила продукција“, денеска после пладне, во Салата 5 на киното Синеплекс во Ситимол, Дарко Илиевски го промовираше неговиот нов спот.

Видеото за песната „Не е фер“ се снимаше на неколку локации на Мавровско Езеро, како и во стан и покрив на зграда на Водно. Тоа е дело и една од последните мајстории на режисерот Владимир Дади Ивановски и на него е работено со најсовремена филска опрема и технологија.
Дарко за потребите на спотот и за да го постигне посакуваниот изглед на остарен човек, скоро четири месеци не ја бричеше својата брада, ниту пак ја скрати својата коса.
Спотот Главната улога во спотот ја има Симона Аврамова, која за потребите на новото видео се подготвуваше заедно со Дарко повеќе од два месеца.

– Многу сум среќен што имав можност да работам со толку голем тим на професионалци како што се Лазар, Дади, Симона, Арменд Рамадани, Небојша Пешевски и со целиот тим на „Горила Продукција“. Можеби ќе звучам нескромно, но со ова мислам дека поставуваме нови стандарди на македонската сцена во нејзиниот најкризен период. Само ќе споменам дека ја извадив целата емоција од себе и ја претворив во песна! Спотот визуелно дава уште подобар приказ за песната и кога ќе се спои сѐ, се добива смислата на тоа што сакавме да го кажеме со целата песна – изјави Дарко.
Новата песна „Не е фер“ е авторско дело на Даре на која работеше цела година. За аранжманот, пак, се погрижи еминентниот продуцент Лазар Цветкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


