Германската влада ќе мора да претрпи измени пред септемвриските сојузни парламентарни избори откако министерката за семејство, жени и млади Мануела Шлезвих ќе го замени премиерот на покраината Мекленбург Западна Померанија, Ервин Шелеринг кому му е дијагонстициран рак на лимфните јазли. Шлезвих која е една од најпопуларните германски политичари во левицата ќе биде заменет од Катерина Барли, која сега е генерален секретар и одговорна за стратешки прашања во редовите на Социјалдемократите.
И ЦДУ на Меркел и СПД се надеваат на изборите закажани за 24 септември да добијат доволно гласови и силни помали коалициони партнери со кои ќе можат да стават крај на „Големата коалиција“ која мораше да биде формирана во 2013 година кога ниту една од двете големи партии не успеа да состави влада со своите традиционални сојузници. гм
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.