| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: Таравари е одличен избор, но не го делиме впечатокот за целата влада

arben taravari

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во дебата за програмата и составот на Владата рече дека пратениците од неговата партија и од Коалицијата ќе учествуваат активно во работата на Собранието, и во комисиите и на седниците, на добрите потези ќе одговараат со поддршка, а на лошите со остра критика и спротивставување, а на коректноста со коректност.

Осврнувајќи се на програмата на новата влада Димовски рече дека мандатарот иако најавувал одредени работи, не останал цврст во своите ветувања, како намалување на бројот на министрите во владата и нови луѓе, професионалци и познати и признати во својата област.

Оцени дека со чест на исклучоци на неколку кандидати, за министри се поставени класични партиски кадри, а дел од нив имаат низа афери, пријави и скандали зад себе.

Поддршка искажа за кандидатот за министер за здравство Арбен Таравали, кој има кадровски потенцијал и како личност, според својата биографија, заслужува да биде дел од предлозите за министер.

– Но, за жал, не го делиме впечатокот за целата влада – рече Димовски.

Оцени дека новата влада има исклучително мал и, со чест на исклучоци, слаб економски тим, а од друга страна, има огромен број кандидати министри без ресор, што според Димовски, е голем пропуст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top