Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во дебата за програмата и составот на Владата рече дека пратениците од неговата партија и од Коалицијата ќе учествуваат активно во работата на Собранието, и во комисиите и на седниците, на добрите потези ќе одговараат со поддршка, а на лошите со остра критика и спротивставување, а на коректноста со коректност.
Осврнувајќи се на програмата на новата влада Димовски рече дека мандатарот иако најавувал одредени работи, не останал цврст во своите ветувања, како намалување на бројот на министрите во владата и нови луѓе, професионалци и познати и признати во својата област.
Оцени дека со чест на исклучоци на неколку кандидати, за министри се поставени класични партиски кадри, а дел од нив имаат низа афери, пријави и скандали зад себе.
Поддршка искажа за кандидатот за министер за здравство Арбен Таравали, кој има кадровски потенцијал и како личност, според својата биографија, заслужува да биде дел од предлозите за министер.
– Но, за жал, не го делиме впечатокот за целата влада – рече Димовски.
Оцени дека новата влада има исклучително мал и, со чест на исклучоци, слаб економски тим, а од друга страна, има огромен број кандидати министри без ресор, што според Димовски, е голем пропуст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димовски: Вие одлучивте во овој мандат да не се гради Клинички центар
-
Илија Димовски: Доколку се заврши оваа процедура, одговорно тврдам дека покрај Преамбулата, во Уставот ќе бидат променети најмалку 51 член (видео)
-
Арбен Таравари: Масовно се брка наставен кадар
-
Со зборови на СДСМ, дури кога режимот бил пуштен на најјако, вака не било