Индонезиското дете, Арди Ризал, пред околу седум години стана интернет сензација заради својата зависнот од пушење. Многу светски медиуми тогаш ја објавија прикзаната за детето кое пуши во 40 цигари на ден, а неговите родители беа изложени на огромен број критики.
Неговата состојба загрижи многумина, а кратко по објавувањето на сторијата тој бил ставен на строг режим за откажување од цигарите.
Сега Арди има 10 години, а патот на одвикнување од зависноста воопшто не бил лесен. Тој откако ги прекинал цигарите нагло се здебелил и практично ги заменил со храна. Следела борба со килограмите која заедно со своите родители помогнати од нутриционист, успеале да ја добијат.
Родителите на Арди неколку пати биле посетени и од социјалните служби на кои морале да им обаснат дека заедно се борат за решавање на неговите проблеми.
– Само сакавме да биде среќен и здрав. Пушењето почна како шега, за потоа да стане голем и скап проблем. Не можевме да го гледаме несреќен без цигари. Така беше потоа и со хрханата, но и тоа успеавма да го пребродиме, изјавила неговата мајка.
Десетгодишниот Арди сега претежно јаде свежа риба, овошје и зеленчук, повеќе си игра со своите врсници и оди редовно во училиште, а резултатите се очигледни, пишува „The Sun“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)