| четврток, 6 декември 2018 |

Трогателна сцена на улица во Манчестер по терористичкиот напад (Видео)

Млад муслиман реши да ја надмине омразата со позитивна енергија и направи експеримент на улица во Манчестер.

По самоубиствениот бомбашки напад во музичка арена во Манчестер се зголемил бројот на напади врз муслимани и тој решил да направи експеримент со кој ќе се обиде да ги надмине предрасудите по трагичниот инцидент.

Тој стави превез на очите и застана со отворени раце за прегратка, а до него стави транспарент на кој пишува: „Јас сум муслиман и ти верувам. Дали ми веруваш доволно за да ме прегрнеш?“

Видеоснимката покажува како навистина гледаат жителите на Манчестер на муслиманите и докажува дека добрината во луѓето е посилна од омразата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top