| четврток, 6 декември 2018 |

Второ издание на „Балкански поетски Вавилон“ во ДПМ

Второто  издание на манифестацијата „Балкански поетски Вавилон“ ќе се одржи утре (среда, 31 мај) во 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија.

Во рамките на претставувањето на творештвото на истакнат поет од балканските литератури, на почетокот од манифестацијата ќе биде презентиран поетскиот  портрет на словенечкиот писател и научник Милан Јазбец, актуелен амбасадор на Република Словенија во Република Македонија. За поетското творештво на Милан Јазбец ќе зборува поетот и литературен критичар Раде Силјан, претседател на Собранието на ДПМ.

Годинашниот „Балкански поетски Вавилон“ ќе се одржи со учество на 20 автори, членови на македонската писателска асоцијација и со презентирање  стихови на истакнати поети од Балканот, добитници на наградата „Книжевно жезло“,  признание за творечки опус што традиционално го доделува ДПМ. Стиховите ќе бидат читани на јазиците на кои создаваат авторите на Балканот и во Македонија: на македонски, албански, турски, српски, бугарски, грчки, словенечки, хрватски, црногорски, влашки, бошњачки и ромски јазик. Програмата ќе ја води Александра Велинова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top