| четврток, 6 декември 2018 |

Кире Лазаров во идеалниот состав на сите времиња на ол-стар викендите

kire lazarov barselona

Македонскиот ракометен ас Кире Лазаров се најде во oлстар-тимот од Ф4 турнирите од Лигата на шампионите, што изминативе седум години во овој формат, се одржуваат во Келн. Во пресрет на новото издание, на кое за првпат ќе учествува и македонскиот клуб Вардар, ЕХФ ги избра идеалните седуммина. Кире Лазаров е најдобар на својата позиција, десен бек.

Лазаров се наоѓа во навистина одбрано друштво. Тој има играно на пет од досегашните седум Ф4 турнири во Келн, и го освои шампионскиот трофеј со Барселона во 2015 година.

Најдобриот Олстар тим на Ф4 турнирите во ЛШ го сочинуваат:

Голман: Тиери Омејер

Лево крило: Хуанин Гарсија

Лев бек: Филип Јиха

Среден бек: Арон Палмарсон

Десен бек: Кире Лазаров

Десно крило: Виктор Томас

Пикер: Хулен Агинагалде

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top