Управата на Манчестер Сити,иако без голем успех во оваа сезона, беше задоволна од Пеп Гвардиола и му даде одврзани раце да ја направи екипата за следната сезона.
Веќе тимот направи пред-договор со голманот на Бенфика, 23-годишниот Едерсон Мораеш, кој во летниот преоден рок ќе стане најскапиот голман во историјата нa фудбалот и тоа за сума од 35 милиони фунти.
Моменталниот рекорд го држи Италијанецот Џанлуиџи Буфон кој премина од Парма во Јувентус за сума од 31 милион во 2001 година. Интересно е што овој голман беше најавуван за трансфер во редовите на Манчестер Јунајтед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Неверојатна статистика: Манчестер Сити со 902 успешни додавања на мечот против Челси
-
Манчестер Сити по победата над Челси на чекор до титулата во Англија
-
Хет – трик на Агуеро за нова победа на Манчестер Сити (видео)
-
Гвардиола: Сити фаворит за титулата во Лигата на шампионите, не знаев дека Меси игра за нас