| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајка на „Јане Сандански“: Дваесетгодишно момче се бори за живот

motor soobrkjajka

Вчера попладне на булеварот „Јане Сандански“ се судриле автомобил и мотоцикл. Во несреќата со тешки повреди се здобило момчето на мотоциклот, кое се наоѓа во животна опасност.

Според информациите на полицијата, во сообраќајката учествувале автомобил „рено“, кој го управувал О.И. (57) од Кратово, со привремено живеалиште во Скопје и мотор „априлија“ управуван од 20-годишниот Д.Р.

Повреденото момче било пренесено во болница каде што му биле констатирани тешки повреди и се наоѓа во животна опасност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top