По елиминацијата во првото коло од квалификациите на Ролан Гарос, Лина Ѓорческа падна за четири позиции на најновата ВТА ранг-листа и од денес е на 175. позиција.
Откако пред една недела стигна до 171. позиција, што е најдобар нејзин пласман во кариерата, само седум дена подоцна забележа минимален пад.
Анџелик Кербер и натаму е водечка на ВТА листата пред Серена Вилијамс, Катерина Плишкова, Симона Халеп и Гарбиње Мугуруза.
Сите тенисерки со исклучок на Серена Вилијамс вчера ги започнаа настапите на вториот Грен слем турнир во 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.