Еден од најдобрите играчи на Борусија Дортмунд, Марко Ројс би можел да паузира во следните шест месеци поради повреда на лигаментите на коленото. 27 годишниот Германец вчера му се израдува на трофејот воКупот на Германија кој Борусија Дортмунд го овои со победата од 2-1 над Ајнтрахт Франкфурт.
Но Марко Ројс никако да крене глава од лоши вести, а веќе денес медиумите од Германија пишуваат дека играчот би можел да паузира шест месеци.
Офанзивниот фудбалер предвреме го напушти натпреварот поради повреда, а Билд пренесува дека големи се шансите да се работи за оштетување на лигаментите на коленото.
Тој на крајот од сезоната во 2014 заработи тешка повреда и го пропушти мундијалот во Бразил на кој „Панцирите“ станаа шампиони. Слично беше и минатата година, кога поради нова повреда, Марко Ројс не можеше да и помогне на Германија на Европското првенство, а дел од медиумите заради пречестите повреди почнаа да го нарекуваат „стаклениот Германец“.