Екипата на Рајн Некар Левен е пред одбрана на шампионската круна во Германија затоа што во големото дерби во рамки на 31. коло од Бундеслигата со 23-21 (13-11) славеше над Флензбург.
„Лавовите“ до победата дојдоа во финишот, во драматичен меч. Во последните пет минути Рајн Некар влезе со минимална предност (22-21), а откако Мае не погоди за изедначување, на спротивната страна Енди Шмид со гол донесе победа од два гола (23-21).
Најдобри кај РНЛ беа Петерсон и Шмид со по пет гола, додека кај Флензбург, Мае постигна четири гола. Македонските репрезентативци Филип Талески и Дејан Манасков не добија минутажа на овој меч.
Рајн Некар на три кола пред крајот има 57 бода, три повеќе од второпласираниот Флензбург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Понижување цели 15 минути: Тимот на нашиот Талески го прегази Лемго со серија од 14 – 0 (видео)
-
Талески: Кога тргнавме во Вараждин некако се’ се свртe наопаку
-
Талески: Вечерва да одиграме меч за наша душа
-
Релаксација во Виeна: Манасков со поубавата половина ги полнеше батериите пред Европското во Хрватска (фото)