Себастијан Фетел, пилотот на Ферари е победник на Ф1-трката кој се возеше во Монте Карло.
Германецот стартуваше од второто место, но сепак, до крајот дојде до триумф и заврши пред тимскиот колега Кими Раиконен, кој тргна како прв. Третото место му припадна на Даниел Рикардо од Ред Бул, додека на четвртото место се најде Валтери Ботас од Мерцедес. За Ферари ова беше прва победа во Монте Карло по 2001 година.
На петтото и шестото место се најдоа Макс Ферстапен и Карлос Сајнц, додека Луис Хамилтон, кој тргна од 14 место во квалификациите, мораше да се задоволи само со седмото место.
По трката во Монте Карло лидер во генералниот пласман останува Себастијан Фетел кој вози одлична сезона. Наредната трка во Ф1 се вози од 9 до 11 јуни и е за ГН на Канада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.