Италијанската полиција соопштила дека 14-годишна ученичка од Равена на Фејсбук поставила сопствена слика од повредите на раката, карактеристични за озогласената игра „Син кит“.
Полицијата интервенирала за да спречи потешки повреди на девојчето, пренесуваат италијанските медиуми.
Училиштето каде што девојчето учело најпрво ги известила нејзините родители за фотографијата, а потоа и полицијата која сега води истрага за да ги идентификува евентуалните виновници.
Девојчето е во добра здравствена состојба, а полицијата упати совет до родителите да внимаваат на однесувањето на децата, особено на пубертетлиите.
Играта „Син кит“ која наводно довела до повеќе самоубиства на малолетници крена го привлече вниманието на јавноста во регионот и во светот, а од неодамна се зборуваше дека играта се појавила и во соседна Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите во паника: Нова перверзна сексуална игра „шарени алки“ хит меѓу децата
-
Уапсен уште еден администратор на фаталната игра „Син кит“
-
Уапсен Русин, еден од креаторите на „Синиот кит“: Работел како поштар и терал деца да се самоубиваат
-
Уапсен авторот на смртоносната игра „Син кит“: Девојче скокна во река, а родители го нашле мртвиот син…