Рускиот државјанин Илија Сидров (26) е упасен под сомнение дека стои зад играта „Син кит“ која се поврзува со самоубиство на близу 130 луѓе. Фаталната онлајн-игра што „залуде“ илјадници на социјалните мрежи, одзеде многу животи. Меѓу оние што завршија со самоубиство, најголем процент се малолетни деца.
Креторите на оваа игра, на децата им задаваат различни предизвици, меѓу кои и да се самоповредуваат и, во крајна дистанца, да извршат самоубиство.
Играта се рашири во земјите од регионот, каде што веќе се регистрираа и првите жртви.
Паника има и кај родителите во Македонија, некои од нив се јавувале и на СОС-линиите во земјава за да искажат загриженост.
Играта е достапна на интернет и претставува апликација што може лесно да се инсталира и на мобилните телефони, а цел се децата и тинејџерската популација.
Имено, апсолвирајќи го љубопитниот и немирен дух на децата и на тинејџерите, „Синиот кит“ сам по себе создава предизвик, провокација и желба за соочување со нешто непознато.
Откако ќе биде одобрено, играта започнува и трае 50 дена, во чиј тек на децата им се задаваат задачи односно предизвици, кои, според опасноста, градациски се подредени. Поканите за приклучување на играта, со линк за регистрација, се испраќаат и преку пораки на социјалните мрежи. Инструкциите се добиваат на англиски јазик.
Задачите се различни, во првите се бара децата да гледаат хорор-филм, да се будат среде ноќ со некоја песна, понатаму се редат барања за самоповредување, со цртање „син кит“ или пишување букви со жилет по делови од телото, најчесто рацете. Последниот предизвик е ист за сите – да извршат самоубиство.
Играта потекнува од Русија и според тоа што го наведуваат тамошните медиуми, „Синиот кит“ се поврзува со смртта на 130 руски тинејџери. Набргу таа се прошири и во Европа, случаи на самоповредување биле регистрирани и во Шпанија и во Велика Британија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.