| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен Русин, еден од креаторите на „Синиот кит“: Работел како поштар и терал деца да се самоубиваат

Рускиот државјанин Иља Сидоров  (26) е уапесен денеска под обвнинение дека е едно од лицата кои „управувале“ со играта „Син кит“ заради која самоубиство извршиле околу 130 лица ширум светот.

Како што пренесоа светските медиуми, се претпоставува дека Сидоров работел заедно со Филип Будњекин (21), кој веќе е зад решетки заради истото обвинение. Британски Телеграф објави дека Сидоров работел како поштар.

– Децата кои се приклучуваат на играта добиваат наредби од кои едната секогаш е сечејќи се со нож да го нацртаат на себе „Синиот кит“. Потоа задачите стануваат се поопасни и секогаш се со самоповредување или нарушување на психата на младите лица, за на крајот од нив да се побара да се самоубијат, наведува Индепендент.

Сидоров бил уапсен откако полицијата стигнала до докази според кои тој врбува група лица да му помагаат и да ја шират играта онлајн, а една девојка сведочела дека од неа барал да се фрли под воз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top