Партизан оваа сезона го направи невозможното. Откако лошо ја стартуваа сезоната и кога сите мислеа дека Црвена звезда повторно ќе биде шампион на Србија и во Купот ќе биде главен фаворит за титулата, „црно-белите“ успеаја да ги освојат и двете натпреварувања.
Најпрво стигнаа до првенството искористувајќи го киксот на звезда на три кола до крајот, а денеска на „ЈНА“ стигна до победата над вечниот ривал и во финалето на Купот. Пред 25.000 гледачи со единствениот гол на Миленковиќ во 42. минута од средбата донесоа голема радост до своите симпатизери.
По 16 години пауза, Партизан и Црвена Звезда за првпат се сретнаа во финале на Купот кое овој пат остана обоено во црно-белите бои.
Поранешниот македонски селектор Бошко Ѓуровски, на тој начин, откако во финишот на сезоната ја презеде клупата на Црвена Звезда остана и без двете титули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)