| четврток, 6 декември 2018 |

Медицински феномени: нема лек за постојана ерекција

Дури и денес медицината нема одговор за сите состојби и пореметувања. Од друга страна постојан дури и премногу случаи на откриени ретки болести и состојби со имиња најчесто според научникот коој ги систематизирал. Меѓу нив има од пореметување во мозокот кое предизвикува голема великодушност, постојана ерекција, шестгодишник со плочки на стомакот – ова се 10 чудни медицински состојби

Базолатерални лезии на амигдалата

Овие лезии настануваат внатре во мозокот и предизвикуваат пореметување во центрите, кои управуваат со чувството на доверба. Луѓето кои ги имаат се претерано великодушни, дури и кога тоа неможат да си го дозволат тие се идеални жртви на измамниците.

Пореметување со постојана генитална возбуденост

Виновник е нарушувањето на функциите на нервниот систем кој на гениталиите им испраќа сигнали на постојана сексуална возбуденост. Оргазмот овозможува само моментално олеснување, а сега за сега за ваква состојба не постои лек.

Урбах-Виетова болест

Оваа болест погодува дел од мозокот задолжен за емоции, првенствено тоа е страв. Како последица, заболените не чувствуваат никаков облик на страв, дури ниту во најопасни и стресни околности.

Рос синдром

Невролошка состојба во очите. На светлина реагираат подоцна од вообичаено. Се карактеризира со трнење и печење под кожата. Тие може некогаш да издржат и под многу жешка вода и да не им биде ништо, но може да влезат во загреан автомобил кој што бил изложен долго на високи температури, тогаш телото им се загрева, а симптомите им траат потоа со денови. Затоа тие кога вежбаат мора да носат мокра облека.

Котард синдром

Котард синфром се манифестира со изразено депресивни и хипохронични негативни мисли, за својата пропаст или за пропаст на светот. Освен верувањата дека се мртви, пациентите во оваа состојба може да веруваат и дека се бесмртни, што потоа се тестираат и за да си докажат дека се бесмртни се самоубиваат. Во најлошите случаи заболените се жалат на интензивна смрдеа на своето тело, на место под кожата и халуцинираат дека по органите им ползат црви.

dete so muskuli
Мускулна хипертрофија

Во оваа состојба телото не може да произведува миостатин кој што е инхибитор на растењето на мускулите. Како последите се јавуваат големи мускули и без напор, така што и мали деца може да имаат мускулни плочки на стомакот како боди билдерите и без проблем да дигаат тежина од 10 килограми.

Гастрошиза

Ова е вроден недостаток на стомачниот ѕид во кои при раѓањето на абдоминалните органи се надвор од стомачната шуплина, тоа најчесто се црева и желудник. За среќа 90 отсто од заболените по операцијата преживуваат.

Аналгезија

Во оваа состојба пациентите воопшто не чувствуваат болка, па можат да одат и со скршена нога, со раздерана кожа и дупната глава.

Хиперплексија

Заболените од овој синдром исклучиво се чувствителни на звуци, а и може многу лесно да се преплашат. Може да ги изненади дури и плескање со рацете, а тоа им предизвикува парализа од страв.

Синдром Анти-пијалок

Причината на овој синдром е габично заболување кое ги претворило цревата на еден маж од Тексас во алкохол, односно неговите црева ја претварале остатокот од храната во алкохол, поради и што секој ден бил пијан и без да проба грам алкохол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top