Социјалдемократите го одржуваат 22 Конгрес, каде очекувано се случи реизборот на Зоран Заев и нови членови Централниот одбор. Тоа што не е изненадување е што Заев продолжува да ја гради некогашната партија како приватна организација, нешто што го започна уште од неговото доаѓање кога почна да ги менува старите кадри и да го уништува „скопското“ лоби.
И денеска според информациите од Централниот одбор се исфрлени 20 поранешни „бранковисти“, а за Генерален секретар е избран неговиот аѓутант Љупчо Николовски.
Од неговото преземање на Социјалдемократскиот сојуз, Заев го измени статутот со што си овозможи лично тој да ги именува претседателите на партиските разграноци и на градскиот скопски одбор.
На оваа одлука жестоко реагираа тогашните високи функционери на партијата. Меѓу звучните имиња потсетуваме на реакцијата на Јани Макрадули, кој оцени дека „именувањето и разрешувањето од страна на еден човек (добро два), ниту има врска со демократски процедури, а за некакво јавно пролкамирано единство и да не зборуваме“.
Со него се сложи и партиската екс- потпретседателката, Ана Павловска Данева, која обраќајќи се до членството праша „дали посакуваат да се членови на партија во која нема да има различни мислења, дискусии, дебати, дури ни кога е во прашање менување на суштински одредби од статутот?“ Тоа продолжи и пред денешниот конгрес кога Софија Куновска го опиша како „кимјонгунизација“.
На Конгресот од 11 мај 2014 кога се гласаше доверба на досегашното раководство, право на глас немаа дел од неговите најголеми противници кои тогаш не го прифатија пратеничкиот мандат со што немаа право да гласаат, а против Заев отворено застанаа скопските делегати.
Есад Рахиќ од говорница на конгресот му порача на Заев да си оди, а Гордан Георгиев изјави дека „СДСМ е жив мртовец“ и дека партијата избегала од идеолошката матрица и додаде не може политиката да ја прават само тројца луѓе. За Заев тој изјави дека прави концепт во кој ни тој не верува.
Расчистувањето со старите кадри и скопскиот одбор продолжи и на последните избори кога на кандидатските листи за пратеници се појавија голем број на лица кои немаат никаква врска со СДСМ, а за кои се верува дека се во лична и финансиска врска со Заев.
На изборите повторно беше игнорирана скопската организација што резултираше со оставка на Софија Куновска претседателската функција.
Така со методите на Заев во партијата СДСМ на функции повеќе не се наоѓаат кадри кои се политички искусни и стручни. Сега во партијата се наоѓаат неискусни лица кои кои немаат никакво влијание, туку се само верни полушници и спроведувачи на личните политики на Заев.
Никој од нив, како ниту еден од присутните на конгресот, нема да потсети на изјавата на Заев дека ако загуби со само еден глас на изборите, дека ќе си поднесе оставка од сите функции и во партијата и во државните институции и дека ќе се врати на бизнисот.
-Ако на вака значајни избори се случи негативен резултат тогаш ми завршува политичката кариера, рече Заев само неколку часа пред да биде поразен.
Згора на сето, без трошка срам, денеска во медиумите контролирани од заевиот клан, се пренесува негова изјава дека иако е единствен кандидат, на овој конгрес делегатите кои што тој сам ги избра, можеле да гласаат за или против неговиот реизбор, оценувајќи го тоа како демократија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)