Жо-Вилфред Цонга го освои турнирот пред домашна публика во Лион. Во финалето, Французинот беше поуспешен од Томас Бердих со 2-0 (7-6, 7-5).
Очекувано се играше гем за гем, со оглед на добрите сервиси на двата тенисери. Во меч со само еден брејк, Цонга одлично одигра во првиот тај-брејк и победи со 7-2. Вториот сет повторно беше неизвесен, а францускиот тенисер го направи клучниот брејк во 12. гем за конечна победа од 7-5.
На крајот од мечот со двојна сервис грешка Бердих ја подари победата за домашниот тенисер.
Ова е одлична подготовка за Цонга во пресрет на Ролан Гарос, кој започнува утре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.