| четврток, 6 декември 2018 |

Предупредување при симнување торенти: Откриен вирус кој напаѓа преку титловите

Информатичарите предупредуваат дека хакерите може да сокријат вирус во титловите кои се „собираат“ од интернет и преку нив да ја преземат контролата врз компјутерот. Групата „Чек поинт“ од сферата на интернет безбедноста, најде дупка во антивирусите преку кои фајлови понекогаш закачени за филмовите и сериите на торенти, може да влетаат во системот.

58363-malwarebytes-anti-malware-premium

Хакерите преку нив може во целост да ги контролираат уредите кои ги имаат популарните програми како VLC Player, Popcorn Time, Kodi и Stremio, па дури и паметните телевизори. За сега се познати само овие софтвери, но се стравува дека има повеќе.

opensubtitles-org

Проценките велат дека загрозени се околу 200 милиони корисници на овие програми во светот. Се додава дека главен проблем е што овие текст- фајлови не се препознаваат како заканувачки, како и тоа што доаѓаат во многу различни формати.

-Овој метод бара многу мало директно мешање на корисниците, што го прави многу опасен- велат од групата.

download-free-movies

Хакерите вака може да преземат чувствителни документи и да бараат откуп за нив, додека компаниите кои стојат зад загрозените софтвери велат дека развиле „лепенки“, но тие најчесто не се собираат автоматски, па потребно е рачно да се преземе најновата верзија, за да бидете сигурни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top