Информатичарите предупредуваат дека хакерите може да сокријат вирус во титловите кои се „собираат“ од интернет и преку нив да ја преземат контролата врз компјутерот. Групата „Чек поинт“ од сферата на интернет безбедноста, најде дупка во антивирусите преку кои фајлови понекогаш закачени за филмовите и сериите на торенти, може да влетаат во системот.
Хакерите преку нив може во целост да ги контролираат уредите кои ги имаат популарните програми како VLC Player, Popcorn Time, Kodi и Stremio, па дури и паметните телевизори. За сега се познати само овие софтвери, но се стравува дека има повеќе.
Проценките велат дека загрозени се околу 200 милиони корисници на овие програми во светот. Се додава дека главен проблем е што овие текст- фајлови не се препознаваат како заканувачки, како и тоа што доаѓаат во многу различни формати.
-Овој метод бара многу мало директно мешање на корисниците, што го прави многу опасен- велат од групата.
Хакерите вака може да преземат чувствителни документи и да бараат откуп за нив, додека компаниите кои стојат зад загрозените софтвери велат дека развиле „лепенки“, но тие најчесто не се собираат автоматски, па потребно е рачно да се преземе најновата верзија, за да бидете сигурни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.