| четврток, 6 декември 2018 |

Дел Потро потврди, по пауза од пет години ќе настапува на Ролан Гарос

huan martin de potro

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро и официјално потврди дека ги надминал повредите и дека ќе настапи на гранслем турнирот Ролан Гарос, кој утре почнува на терените во Париз. Тој долг период се мачеше со повреди, а на Ролан Гарос нема настапено во последните пет години.

– Конечно, ќе играм во Париз. Многу сум среќен, и се надевам на успех – изјави Дел Потро.

Тој во првото коло ќе се сретне со својот сонародник од Аргентина, Гвидо Пела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top