Роже Федерер го призна поразот од Жо Вилфрид Цонга, вели дека е заслужено елиминиран од францускиот тенисер во четвртфиналето на Ролан Гарос, но и дека работите ќе се сменат во негова корист со почетокот на сезоната за игра на трева. Вимблдон е недопирливото „кралство“ на швајцарскиот тенисер и таму има освоено најмногу гранслем титули, дури 7 од рекордните 17.
„Цонга заслужи да победи. Постојано вршеше притисок, одлично сервираше и реално беше подобар во сите сегменти од тениската игра. Во принцип одиграв добро на турнирот, но против Жо немав свој ден. Но, тоа веќе е минато и јас гледам напред кон турнирите на трева. Тоа е мојот омилен терен, а годинава е посебна за мене, бидејќи славам 10 години од првиот трофеј на Вимблдон“ вели Федерер.
За него Ролан Гарос долго време беше неосвоив бедем, таму доминира Рафаел Надал, но швајцарецот начека можност во 2009 година и со триумф во Париз си ја комплетираше колекцијата гранслем трофеи од сите 4 турнири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.