| четврток, 6 декември 2018 |

Манчестер Сити го почна ремонтот, раскина со четири фудбалери во ист ден!

mancester siti

Екипата на Манчестер Сити ќе почне да се крои по планот на Пеп Гвардиола, затоа што четворица фудбалери во еден ден го раскинаа договорот со „граѓаните“.

Од „Етихад“ по крајот на сезоната си одат Бакари Сања, Гаел Клиши, Вили Кабаљеро и Хесус Навас. Пеп Гвардиола не смета на нив и тие ќе може да си бараат нова средина како слободни фудбалери.

Сити влезе во сезоната со шампионски амбиции, но сепак, заврши на третата позиција, зад шампионот Челзи и вицешампионот Тотенхем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top