Новиот претседател на Франција Емануел Макрон и претседателот Доналд Трамп водеа голема борба за време на ракувањето во Брисел.
Како што јавуваат западните медиуми, Макрон се погрижил медиумите да го забележат неговиот „изненадувачки цврст стисок“ за време на ракувањето со Доналд Трамп.
Двајцата лидери за првпат се сретнаа вчера во Брисел.Трамп е познат по тоа што при ракувањето се обидува да ја покаже својата доминантност, а неколку светски лидери и политичари беа „жртви“ на неговата цврста рака. Меѓутоа, Макрон ја покажа својата младешка сила.
Филип Рукер, новинар на „Вашингтон пост“ на „Твитер“ напиша дека доколку односите се дефинираат според ракувањето, односот меѓу Трамп и Макрон ќе биде жесток.
Францускиот претседател во минатото беше критичен кон Трамп и неговата политика.
Погледнете ги и непријатните ракувања на Трамп во кои подебелиот крај го извлекуваа неговите соговорници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)