| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ: Конечно се испразнив (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по освојувањето на Ролан Гарос 2016, единствениот гренслем-трофеј што му недостасуваше, падна во формата и занижа неуспеси, па кон крајот на минатата година го изгуби првото место на листата на АТП.

Во интервју за „Си-Ен-Ен“ ги сумира впечатоците од последната година во која освои само два трофеја, на мастерсот во Торонто и во Доха на турнирот ATП 250.

Се сеќавам колку ми беше тешко да го дочекам тој момент – се навраќа Ѓоковиќ на почетокот на приказната пред триумфот на париската земја.

Тој не крие сега, а ни тогаш, дека Ролан Гарос му е недостижниот сон.

Часови посветеност и тренинг. Неколку години не успевав да го напрвам последниот чекор. На крајот успеав и тој момент го споделив со најблиските. Беше незаборавно.

djokovic jelena

А потоа веќе не личеше на себе…

Искусив криза, ако така сакате да го наречете тоа. Многу големи очекувања и притисоци се натрупаа во текот на годините, а потоа, кога го освоив Ролан Гарос, почувствував олеснување. Имаше многу емоции, па кога, конечно, успеав, се испразнив.

По успехот во Париз изгуби од Сем Квери во третото коло на Вимблдон, а потоа на старотот на Олимписките игри од Хуан Мартин дел Потро.

Сето тоа е дел од спортот. Сега се чувствувам многу подобро отколку пред 3-4 месеци. Возбуден сум поради враќањето во Париз. Помина една година од освојувањеро на Ролан Гарос, а ми се чини како да беше вчера.

Неверојатно е дека Надал ќе се бори за десеттиот трофеј на Ролан Гарос. Повторно игра одлично. Ќе ми биде предизвик да го победам – завршува Ѓоковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top