Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед е победник на Лигата на Европа и ќе дојде во Скопје да го игра Суперкупот на Европа на 8 август. „Црвените ѓаволи“ го совладаа Ајакс со 2-0 во финалето во Стокхолм и обезбедија настап во Лигата на шампионите за следната сезона.
Во типичен стил за Жозе Мурињо, Манчестер јунајтед истрча на теренот и тактички, со беспрекорна игра во одбраната и навреме постигнати голови, ја разби илузијата на младите фудбалери на Ајакс дека можат да одиграат на врвно ниво и да го освојат пехарот.
Пол Погба во 18.минута го отвори резултатот. Се одлучи на удар од 20 метри, топката удри во еден одбранбен фудбалер на Ајакс, го смени правецот и заврши во мрежата на Онана. По ова, Ајакс плетеше мрежа, но никако не успеваше да пронајде простор за да ушати удар кон голот на Ромеро.
На стартот на вториот дел, Манчестер јунајтед го зголеми водството на 2-0. Хенрик Мхитарјан најдобро се снајде во шеснаесетникот на Ајакс и во 48.минута вторпат ја затресе мрежата на холандскиот тим.
Во завршницата, Лингард имаше шанса и за трет погодок, но не успеа ниту да упати удар, иако излезе сам пред голманот на Ајакс.
Манчестер јунајтед првпат во својата историја го освојува пехарот во Лигата на Европа, следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, а ќе дојде и во Скопје, за Суперкупот на Европа, очекувајќи го победникот од дуелот во финалето на ЛШ, меѓу Реал Мадрид и Јувентус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)