| четврток, 6 декември 2018 |

Синдикатите на СДС против изборот на Анѓушев за вице-премиер – ќе оди ли Заев контра нив?!

angusev

Синдикатите на СДС се против изборот на бизнисменот Кочо Анѓушев за кандидат за заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања.

-Ако на СДСМ воопшто му значи нешто социјалдемократската идеологија која наводно ја застапува, во најмала рака треба да бара решенија на линија на социјалното партнерство и да се држи неутрално во однос на социјалниот судир помеѓу трудот и капиталот. А ако одбира страна, тоа да биде страната на трудот, а не на капиталот. Ако СДСМ инсистира вицепремиер за економска политика да биде претставник на крупниот капитал, тогаш треба да делегира вицепремиерска позиција и за претставниците на трудот, за синдикатите. Или, барем, синдикатите да го добијат Министерството за труд и социјална политика. За да има директен линк помеѓу работниците и новата влада, исто онака како што претставниците на капиталот бараат директен линк помеѓу бизнис заедницата и новата влада – вели Здравко Савески од Левица.

Ова е став на 13 синдикални организации кои важат за блиски до СДС, односно организации кои во интерес и по барање на СДС во изминатиот период протестираа на улиците низ Скопје, како УПОЗ, Синдикатот на македонската дипломатска служба, Самостојниот синдикат на новинарите, Солидарност, Ленка, Синдикатот на културата, Агро синдикат.

Анѓушев е човекот кој предводеше кампања граѓаните на Република Македонија да плаќаат поскапа струја во државата. На големо се шпекулира дека Анѓушев буквално си го платил вицепремиерското место со финансиска помош за кампањата на СДС која се брои во милиони.

Дали затоа се појавуваат „контрааргументи“ зошто тој треба да биде вицепремиер. Медиуми блиски до СДС објавуваат дека претставник од бизнисот како вицепремиер може да помогне во брзо разрешување на проблемите во економијата, иницирање на нови проекти и секако заштита на домашните компании кои се најдоа на удар на неразвојната политиката на претходната влада водена во интерес да се донесат странски инвестиции, без никаков бенефит за државата, а пред сè за вработените.

Лидерот на СДС Зоран Заев е на крстопат да избира помеѓу синдикатите и Стопанската комора. Дал да удоволи на едните или да удоволи на другите. Се коментира дека зад ова стои добро смислена игра, односно дека синдикатите со кои диригира СДС не би се осмелиле самостојно, без консултација да се спротивстават на партијата и  нејзиниот лидер Заев.  Дали и овојпат Заев се крие зад Синдикатите?! Ги користи ли нив за лесно да ја спроведе својата желба да го тргне Анѓушев? Ќе ги користи ли како оправдувањеза таквиот чекор?! Или играта е обратна – му испраќа ли Заев порака на Анѓушев, повторно користејќи ги синдикатите – дека, еве тој е повторно „херојот“, направил огромна жртва одејќи контра синдикатите?!

Се коментира и можноста Анѓушев да ја искористи позицијата вицепремиер за свој личен интерес, по што е познат со својата дејност во трговијата на енергетскиот пазар?! Дали евентуалното доаѓање на Анѓушев на вицепремиерска позиција ќе значи и пораст на цената на струјата, што би значело и поголем профит за него?!

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top