По повеќе од три месеци малтретирање и измачување додека бил заробен од Чеченците, рускиот војник Евгениј Родионов на денот на својот 19. роденден, 23 мај 1996, бил убиен бидејќи не сакал да го симне крстот од своите гради.
Тој ден групата заробени руски војници кои паднале во рацете на непрријатело за време на првата Руско-Чеченска војна, биле однесени во една шума кај селото Бамут. Откако убиле неколкумина од другарите на Евгениј, Чеченците му наредиле да го симне крстот и му ветиле дека ќе остане жив доколку го направи тоа.
– Симни го крстот од своите гради и ти се колнам во Алах дека ќе останеш жив.
Сепак, за вакво нешто не ни помислувал младиот Родионов, по што бил ликвидиран со сечење на главата.
Неговата мајка додека тој бил во заробеништво минала 10 пеколни месеци. Во селото Бамут, како што самата раскажала, откако платила големи пари, дознала каде е закопан нејзиниот син. Успеала да го идентификува своето чедо по крстот кој останал на неговото тело. Таму биле закопани и неговите колеги од 479 граничен одред.
Кратко по неговата смрт, руската војската постхумно го одликувала со Орден за храброст, а Руската православна црква го проласила за светец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)