| четврток, 6 декември 2018 |

Страотна несреќа во Македонија, прегазено четиригодишно детенце

Вчера во 15 часот на регионалниот пат Тетово-Пирок, се случила сообраќајна незгода во која возило „Фолксваген Голф“ со гостиварски регистерски таблици управувано од страна на 48-годишниот М.Х. од селото Долна Бањица-гостиварско, удрило во четиригодишно детенце од селото Камењане.

Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди и укажана му била лекарска помош во Клиничката болница во Тетово, по што било пуштено на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полицијата во Гостивар.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top