| четврток, 6 декември 2018 |

Ежени Бушар го откажа учеството на Ролан Гарос

2014 French Open - Day Ten

Канадската тенисерка Ежени Бушар ќе го пропушти гранслем турнирот Ролан Гарос, откако на вчерашниот тренинг сериозно го повредила скочниот зглоб. Се работи за сериозно истегнување на лигаментите, повреда што не може да се залечи толку брзо, па Бушар ќе мора да отсуствува од турнирот кој започнува на 28.мај и ќе трае до 11.јуни.

Канаѓанката во моментот е на 56.позиција на ВТА – листата, но ја надмина резултатската криза што ја имаше во изминатиот период, а повредата доаѓа во непријатен момент.

Наградниот фонд на годинашното издание на Ролан Гарос изнесува 36 милиони американски долари, а титулата во женска конкуренција ја брани шпанската тенисерка Гарбине Мугуруза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top