| четврток, 6 декември 2018 |

Живата легенда на францускиот ракомет објави крај на кариерата

zerom fernandez

Легендарниот француски ракометар Жером Фернандез објави дека по завршувањето на сезоната и дефинитивно ќе стави крај на својата играчка кариера и ќе му се посвети на тренерскиот занает. 40-годишниот Фернандез во последните две години има двојна улога, како играч и тренер на Екс Прованс, а отсега ќе продолжи само на тренерската клупа.

– Сакам јавно да објавам дека на 8.јуни во Данкерк ќе ставам конечен крај на мојата долга ракометна кариера. Отсега ќе имам само една улога, како тренер на тимот – истакна Жером Фернандез.

Тој е еден од легендарните ракометари на Франција, играјќи на бековската позиција забележа 390 настапи во францускиот национален тим во периодот од 1997 до 2015 година. Тој е и рекордер според бројот на постигнати голови (1463) во селекцијата на „триколорите“. Освои две олимписки титули (2008, 2012), три европски титули (2006, 2010, 2014) и четири светски титули (2001, 2009, 2011, 2015) во дресот на Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top