Неколку истрели биле испукани пред угостителски објект во скопското село Кондово. Инцидентот се случил вчера околу 18.30 часот.
Додека Б.К. управувал со „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, во кој биле и М.К. и Н.М., биле пресретнати од пет лица со кои порано имале нерасчистени односи. Едниот од нив извадил пиштол и почнал да пука кон нивното возило, по што сите избегале во различни правци.
Повредени нема, а на местото на настанот биле пронајдени три испукани чаури и еден проектил кој завршил во возилото. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.