Министерот за надворешни работи Никола Попоски утре ќе ја предводи државноцрковната делегација на молебенот на гробот на свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим, каде што ќе положи цвеќе на гробот на светителот.
Со молебенот, кој е во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, ќе чиноначалствуваат митрополитот дебарскокичевски г. Тимотеј и митрополитот европски г. Пимен.
Како што соопшти МНР, Попоски в петок, 26 мај, ќе биде дел од државноцрковната делегација предводена од претседателот Ѓорге Иванов, и ќе присуствува на аудиенцијата кај папата Франциск. Потоа ќе го придружува претседателот Иванов на средба со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пиетро Паролин, во Апостолската палата.
Во рамки на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Св. Кирил“, во четврток ќе има музичка програма со настап на етногрупата „Баклава“ во театарот Ghione во Рим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Што се случува вечерва во Рим (видео)
-
Попоски и Димитров на „Топ тема“ ќе дебатираат за надворешната политика
-
Влатко Стефановски и Теодосиј Спасов на Деновите на Св.Кирил во Рим
-
Заради новогодишната елка ќе завршат на суд: Римскиот „шугавец“ го платиле 50 000 евра, граѓаните велат дека личи на четка за вц – шојла