| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски утре ќе ја предводи државно-­црковната делегација во чест на Св. Кирил

nikola poposki

­ Министерот за надворешни работи Никола Попоски утре ќе ја предводи државно­црковната делегација на молебенот на гробот на свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим, каде што ќе положи цвеќе на гробот на светителот.

Со молебенот, кој е во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, ќе чиноначалствуваат митрополитот дебарско­кичевски г. Тимотеј и митрополитот европски г. Пимен.

Како што соопшти МНР, Попоски в петок, 26 мај, ќе биде дел од државно­црковната делегација предводена од претседателот Ѓорге Иванов, и ќе присуствува на аудиенцијата кај папата Франциск. Потоа ќе го придружува претседателот Иванов на средба со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пиетро Паролин, во Апостолската палата.

Во рамки на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Св. Кирил“, во четврток ќе има музичка програма со настап на етногрупата „Баклава“ во театарот Ghione во Рим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top